Работната група за Судски совет одржа втор состанок

Начинот на избор на сите членови на Судскиот совет, како оние избрани преку собранието така и оние од редот на судиите, е главното прашање на кое се фокусира работната група формирана од Министерството за правда.

Тие денеска го одржаа вториот состанок на кој како што потврди за Канал 5 академик Владо Камбовски се разговарало за проблемите во ова тело. Освен менување на законот во делот околу изборот на членовите на советот, планот е да се пополни и правната празнина околу нивната одговорност. Работната група за реформи беше формирана откако по скандалозното разрешување на Дамева дојде оценска мисија на ЕУ, чиј извештај се очекува наскоро да биде доставен до министерството за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*