Демократската партија на Турците на Македонија за истовремени избори

Дебатите и разликите во мислењата во врска со датумите за „Претседателски избори 2024“ и „Парламентарни избори 2024“, кои од неодамна го окупираат јавноста за жал ја одсликува состојбата во која се наоѓа нашата земја. За жал наместо да ја гледаат големата слика, теснопартиските интереси на поголемите политички партии од владејачкото мнозинство и од опозицијата на крајот ќе не доведе до тоа да народот ќе ја плати најголемата цена.

Како што ни е познато, претседателските избори мора да се одржат најдоцна во април 2024 година, а парламентарните избори најдоцна во јули 2024 година. А од другата страна истотака ни е познато дека цената на еден изборен процес надминува милиони евра. Пред кратко време ги надминавме последиците од епидемијата на корона, во амбиент на енергетска и воена криза во светот, а сеуште ја продолжуваме борбата против инфлацијата, а некои сакаат да имаат луксуз да одржат два одделни избори и да трошат дополнителни непотребни пари на нашите граѓани.

Поради овие причини, ние како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), стоиме на ставот дека двата избори треба да се одржат на ист датум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*