Нови реакции за крстот Попова Шапка

Политичките партии со меѓусебни обвинувања кој го поставил 15 метарскиот крст на Попова Шапка, кои според нив ќе предизвика меѓуетнички тензии. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами и неговите коалициски партнери од албанската коалициска опозиција, ја повикаа МПЦ веднаш да го отстрани. Велат, ДУИ и СДСМ злоупотребуваат верски објекти за да соберат политички поени.

За министерот Османи пак, станува збор за предизборна игра токму на БЕСА за да се поттикнат тензии. На него не му пречел крстот, само ако не поттикнува конфликт. За ВМРО-ДПМНЕ пак, виновни се ДУИ и СДСМ, и бараат владејачките партии да не го попречуваат правото на верниците да истакнат свој симбол. Велат тој се наоѓа на црковно земјиште и е одлука донесена од црковниот одбор. – Надлежните институции контролирани од ДУИ и СДСМ пред да говорат за попречување на правото на верниците да истакнат свој симбол, треба да се позанимаваат со стотиците дивоградби на Шапка кои никнуваат секојдневно каде има хациенди на луѓе блиску до власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според претседателот Пендаровски, станува збор за опасен начин на партиите да собираат политички поени во предизборието. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов со закана дека никој не смее да го чепне крстот на Шапка, бидејќи тој ќе застане во негова одбрана. ,,Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана. А вие пробајте да го срушите". – напиша Ангелов. Од Комисијата за односи со верски заедници повикаа на смиреност и порачаа општина Тетово да нема селективен пристап кон верските обележја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*