Мицкоски очекува изборите да се одржат истовремено

Власта и опозицијата пред договор за датумот за изборите. Иако официјално нема потврда, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува парламентарните и вториот круг од претседателските да се случат во ист ден. Ваквата изјава ја темели на претходните изјави на челниците во ДУИ дека изборите треба да бидат истовремено.

ВМРО-ДПМНЕ предложи ако се редовни избори- 8 мај, 24 април прв круг претседателски, а доколку се вонредни- 14 април со 31 март. Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби вели ДУИ е подготвена за избори. Немаат проблем за датумот кој партиите треба да го одлучат со консензус.

Коалицијата Европски сојуз за промени како опозиција, веќе номинирала свој кандидат за член во ДИК, Абдуш Демири. Од СДСМ засега остануваат на ставот дека изборите треба да бидат одвоени, но се подготвени за договор за датумите. Социјалдемократите сметаат дека до Нова година има време да се најде заедничко решение. Ако нема договор, спикерот Џафери најави дека ќе ги закаже изборите според законските рокови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*