Ширење на Листата: Самсоненко, Ирина и Камчева Присутни во Извршната Наредба 14033 на САД

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на веќе назначениот Орце Камчев се ставени на американската црна листа каде им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков. Одлуката е објавена попладнево, на веб сајтот на Американското Министерство за финансии.

Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради  „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги  за поддршка на Јордан Камчев, кој веќе е ставен на црната листа на САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*