Унгарија предупредува: Бугарија кочничар на патот кон ЕУ за Македонија

“Треба да се признае дека Европската унија е сериозно ослабена и треба преку разум да се зацврсти нејзината позиција. На Унијата и е потребен Западен Балкан, а преговорите со Македонија да одат со побрзо темпо” – директен во пораката унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто.

Ја посочи Бугарија како главен кочничар на земјава на патот кон ЕУ. За шефот на дипломатијата Бујар Османи извештајот на Европската комисија нотира дека не сме го изгубиле чекорот со Унијата и сме, како што рече, на солидно ниво. Смета дека сега е потребна силна волја за единство.

Чин на непријателство е зголемувањето на таксите за гас од страна на Бугарија, вели шефот на унгарската дипломатија. Сијарто и Османи со заедничка констатација дека со ваквиот чекор трпат економиите. Будимпешта веќе подготвува соодветен одговор.

Двајцата министри рекоа дека не разговарале за евентуална екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во Будимпешта, бидејќи тоа било работа на судските органи и министерствата за правда на двете земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*