Селест Валандер: САД подготвени да придонесат за стабилноста на Западен Балкан

Помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни работи Селест Валандер, истакна дека САД се подготвени да придонесуваат за стабилноста на Западен Балкан.

“Многу сме благодарни на нашите сојузници и партнери во Западен Балкан кои се посветени и дејствуваат на начин на кој што сакаат да постигнат компромис, своите несогласувања да ги усогласат во контекстот на постигнување на стабилност и она што го дискутиравме денеска во рамките на САД и Јадранската повелба”, подвлече Валандер.

САД, како што посочи, продолжуваат да даваат свој придонес во дипломатијата, за усогласување на политичките ставови, преку поддршка на евро и евроталантската интеграција.

Долгорочниот придонес на САД во овој регион е преку евроатлантската интеграција поради што беше создадена и оваа САД – Јадранска повелба. САД истовремено ги поддржуваат аспирациите за членство во ЕУ на земјите од А5 иницијативата дури и пошироко и ние веруваме дека напредокот кон европската интеграција ќе обезбеди силна основа за стабилност и безбедност во Југоисточна Европа.

Од министерскиот состанок на Јадранската повелба заеднички став дека со постојана заемна поддршка и соработка може да се постигнат целите за побезбеден и стабилен регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*