Мицкоски: ДУИ користи етношовинистички пораки за криење на криминалот

Етношовинистичките и националистички пораки кои доаѓаат од стожерот во владата ДУИ се за осуда. За да го дефокусираат вниманието од криминалот кој го прават, пуштаат вакви националистички пораки, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека очекувал осуда и од Ковачевски. И додека едниот е умерен, а другиот со осуда за картата на голема Албанија, Ковачевски и Мицкоски остануваат со спротивни ставови за тоа дали претседателските и парламентарните избори треба да се одржат во исто време или во одделни периоди.

И двајцата сè уште не ги откриваат своите фаворити за претседателски кандидат, со образложение дека за тоа одлучуваат партиските тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*