Судскиот совет понуди заштита на судиите, но претседателката на Врховниот суд ја одби поканата

Судскиот совет функционира и работи за да ги штити судиите. Од тие причини и мотиви, наша должност е, и баравме да имаме средба, да разговараме со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Стоиме на располагање за кој било судија, дали од Врховен или друг суд, да ја отвориме таа дискусија и да се ставиме во функција на заштита на судиите, изјави претседателот на Судски совет Сашко Георгиев.

Во однос на поканата за денешната средба, Георгиев посочи дека Адеми ги информирала писмено дека нема да дојде.

“Ни испрати писмо и ни кажа дека нема да дојде. Тоа е нејзино видување на работните, но, сметам дека е нужно да дојде и ги изнесе наводите. Советот беше и е спремен за дискусии за вакви отворени прашања. Ја охрабрувам за сите притисоци или влијанија да го извести Судскиот совет и согласно закон добие заштита”, изјави Георгиев.

Георгиев, исто така, ги охрабри и повика сите судиите, ако имаат какво било влијание да го известат Судскиот совет. Судијата Ивица Николовски, кој е член на Советот, порача дека Судскиот совет има обврска и ќе ги заштити судиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*