Општина Куманово: Не беше издадена дозвола за Меморалниот комплекс на УЧК

Општина Куманово не издаде никаква дозвола за Меморалниот комплекс на УЧК во кумановото село Сопот, изјави градоначалникот Максим Димитриевски за Локално.

На 4 ноември во Сопот во присуство на на претседателот на ДУИ Али Ахмети беше отворен комплексот.

„Дали е отворен музеј или спомен обележје, си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара каква било озвола“, вели Димитриевски.

За пораките што ги испрати лидерот на ДУИ од отворањето на комплексот Димитриевски вели дека не е изненаден.

„Во континуитет покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта и со националните чувства на граѓаните“, изјави кумановскиот градоначалник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*