Министерот Османи: Очекуваме објективен извештај од Европската комисија за напредокот на Северна Македонија

Евакуацијата на двајцата државјани на Северна Македонија, односно на брачната двојка која се уште е во Газа е одложена, изјави во понеделник министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Причина за тоа е бомбардирањето на преминот Рафа и неговото привремено затворање за евакуација на странски државјани. Според Османи, во Газа е и трет државјанин на Северна Македонија, но тој одбил да биде евакуиран бидејќи работи за хуманитарна организација.

Во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, Османи очекува објективен документ кој ќе го признае постигнатото и ќе ги критикува слабостите. Секој е одговорен за продолжување на евроинтегративниот процес, рече Османи.

Во однос на Самитот на ОБСЕ, тој рече дека нема ништо проблематично во процедурата за изнајмување возила.

Министерството добило понуда само од една фирма. Османи изјави дека се пријавила само ABC Rent A Car Tours. Договорот го одобри и Бирото за јавни набавки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*