Семејство Скаик безбедно пристигна во Скопје по евакуација од Газа

Семејството Скаик, по подолго време безбедното евакуирано од Газа, од денес на сигурно во земјава. Во МНР ги пречека шефот на дипломатијата.

Османи на својот Фејсбук-статус напиша дека евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посочи дека сега се фокусирани на извлекување на брачната двојка.

„Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел. Сакам да изразам благодарност и за меѓународната организација за миграции (iom) која помогна при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето.

Сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачна двојка, чија евакуација ја очекувам наскоро“, напиша на својот фејсбук-статус министерот Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*