Заменик-помошникот државен секретар на САД: Бугарија не планира нови услови за Северна Македонија кон ЕУ

Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан Габриел Ескобар, во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Северна Македонија кон ЕУ. Ескобар нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.

„Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Северна Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес“, одговори Ескобар.

Гласот на Америка: Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? „Јас тоа така го протолкував“, одговори Ескобар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*