ВМРО-ДПМНЕ настојува на истовремени избори, СДСМ инсистира прво на претседателски

Власта и опозиција сè уште цврсто стојат на своите позиции за изборите. ВМРО-ДПМНЕ се откажа од предвремени, но инсистира вториот круг од претседателските и парламентарните да бидат истовремено.

Од СДСМ пак децидни-редовни избори в година, но не истовремено. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека политички би им одговарало раздвоени избори, но нема логика да се трошат дупло средства. Николоски го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема и нема да се случат ниту по изборите и тоа е затворена тема. За уште една работа во опозициската партија се сигурни, а тоа е како што рече Николоски дека влада со ДУИ нема да има.

Од СДСМ го повторија, како што велат конзистентниот став-прво претседателски, па редовни парламентарни избори. Сепак, како што рече портпаролот Каевски постои подготвеност за дијалог за точниот датум на изборите.

Иако Мицкоски обелодени дека во Собранието се преговара за технички измени на Изборниот законик, од СДСМ демантираат.

Засега сè уште нема согласност за формирање на работните групи за изборите. И во албанскиот кампус разединетост. Здружената албанска опозиција бара изборите да бидат во ист термин, интегративците се против.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*