Албанската опозиција официјализира коалицијата: ‘Европски сојуз за промена’

Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами на плоштад Скендербег ја официјализираа коалицијата на албанската опозиција – Европски сојуз за промена.

„Тогаш, името на оваа коалиција ќе биде „Европски сојуз за промена“. Со тоа сакаме да ги објасниме дилемите кои сакаат да ги наметнат тие што зборат зло. Оваа обединета албанска коалиција останува сигурна во нејзиниот ангажман во ЕУ. Не сакаме компромис со тоа. Како што сме кажале само интеграцијата во ЕУ нема алтернатива. Сакам да нагласам дека нашиот главен приоритет е борбата против корупцијата“, вели Африм Гаши.

Изет Меџити изјави дека на следните избори  оваа коалиција  ќе настапи со заеднички листи на парламентарните избори и со заеднички кандидат Албанец за претседател.

„Што се однесува до Алијансата, со оглед на неодамнешните контрадикторни позиции, ги покануваме гласачите на Алијансата, ги покануваме сите членови на Алијансата кои сакаат промени, кои им посакуваат добро на Албанците, а раководството на Алијансата се повеќе покажува дека се со нив и зошто се со нив, тоа треба тие да го кажат“, појасни Биљал Касами.

Тројцата лидери известија дека нема раководител на коалицијата и дека сите се еднакви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*