Нов Кривичен Законик во Македонија: Постојаност и Казни за Функционерски Криминал

Новиот кривичен законик е готов и во текот на неделата ќе биде предаден на надлежното министерство за правда, потврди за Телма, академик Владо Камбовски, кој е претседател на експертската работна за подготвување на измените.

Законот има 100 членови повеќе и е подготвен од професори и активни судии и обвинители, но сега доаѓа во опасната зона на политички и партиски интереси кои може повторно да се вмешаат и да ги сменат кривичните дела кои што се однесуваат на функционерите, како што беше направено сложно со измените на актуелниот кривичен законик со кој фактички функционерите со злоупотреби и извршени штети на јавните пари беа амнестирани.

Со драфт верзијата не е предвидено ново ублажување во однос на актуелната состојба туку затворање на прозорецот преку кој изминатите недели многу функционери и избегаа на правдата за своите кривични дела. Трите спорни одредби повторно ќе добијат тешки и долги затворски казни.

Се воведува сосема нов член за функционерскиот криминал, за злоупотреби при јавни набавки. Казните се скалести и многу поголеми од измените кои во септември Собранието ги донесе во блицкриг со што многумина добија застарување на своите функционерски криминали.

Со новото дело има дури два става со утврдени само минимални казни од 4 или 5 години со што за нив доколку политичарите не ги изменат, застарувањето на тие дела би било по 4 децении по извршувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*