Министер Спасовски се сретна со Еврокомесарката Јохансон на Министерскиот форум за внатрешни работи

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари билатерална средба со Еврокомесарката за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон, во рамки на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи кој оваа година го организира Република Северна Македонија заедно со шпанското претседателство со Советот на ЕУ.

Како што соопштуваат од МВР, заблагодарувајќи се за несебичната поддршка во потпишувањето на договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, министерот Спасовски истакна дека договорот ја одбележа изминатата година во поглед на позитивен развој во односите помеѓу Европската Унија и Северна Македонија и ја донесе пораката дека современите безбедносни предизвици бараат партнерски пристап и заеднички одговор.

Од страна на Еврокомесарката Јохансон беа изразени пофални зборови за одличната соработка помеѓу МВР и европската агенција ФРОНТЕКС, особено по минатогодишното потпишување на овој Договор, а како поткрепа на успесите зборуваат резултатите и статистиките коишто ги имаат МВР и ФРОНТЕКС на терен во спречувањето на илегалната миграција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*