Масовна потрага за напаѓачот од настанот во трговскиот центар “Ист Гејт”.

Министерството за внатрешни работи се уште трага по напаѓачот кој пред два дена во трговскиот центар ,,Ист Гејт” рани две лица.

Од МВР информираат дека во тек е масовна потрага по напаѓачот, дека се формирани специјални тимови за таа цел, но засега без резултати.

Здравствената состојба на двајцата повредени е непроменета, тие и натаму се на интензивна нега.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска го обвинуваат министерот за внатрешни работи дека е најодговорен за мафијашките пресметки во центарот на градот и бараат да си поднесе оставка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*