ДКСК со Нов Предмет за Кривично Гонење на Струшкиот Градоначалник Мерко

Антикорупционерите со нов предмет за кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Сомнежите се поврзани со незаконско отуѓување на земјиште во центарот на Струга.

А вмешани се и вработени во општината, нивни блиски во геодетска фирма но и судии од Управен и Виш Управен суд за што ќе го алармираат Судскиот совет. -Утврдивме состојби од коишто произлегуваат сомнежи за искористување поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување од страна на тогашниот и сегашен градоначалник Рамиз Мерко. Претседателот на Комисијата за отуѓување на предметното земјиште вработен во општината, неговата сопруга вработена во геодетската фирма.

Судии, стручни лица од Управниот суд од Вишиот Управен суд коишто постапувале. Сите овие кои се огрешиле и ја направиле постапката да биде незаконска, нашиот предлог е да се поведе иницијатива за кривично гонење,-изјави – Билјана Ивановска – Претседател на ДКСК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*