Одржан Првиот Состанок на Основачкиот Совет на Демократското Движење

По исклучително успешното основачко Собрание и процесот на собирање потписи за регистрација на партијата во рекордно време, денес (7.9. 2023 година) во Тетово, под раководство на претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, се одржа првиот состанок на Основачкиот совет.

На овој состанок, на кој се разговараше за текот на организирањето на Движењето и за политичката актуелност, беше донесена одлука за продолжување на регистрацијата на нови членови на ДД не само онлајн, туку и директно. На овој состанок беше констатирано дека во однос на регистрацијата на нови членови, досегашниот интерес ги надмина сите очекувања и тоа, секако, ја зголемува мотивацијата за максимален ангажман кон реализација на главните цели кои ќе донесат промена на политичката сцена.

Основачкиот совет истовремено го задолжи претседателот Меџити дополнително и интензивно заеднички да делува со албанскиот опозициски фронт за да се стави крај на владеењето на корумпираната власт, која очигледно, со последните дејствија, особено со скандалозните измени во Кривичниот законик, и самата сфати дека крајот не е далеку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*