Реакциите за случајот на Клиниката за онкологија продолжуваат

Власта се прпелка и не презема ништо да се расветли случајот на „Онкологија“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Посочи дека партијата веќе поднела неколку иницијативи како што е формирање на анкетна комисија во Собранието, но вели тој власта се плаши од соочување со вистината.

Мицкоски изрази сомневање дека во скандалот на „Онкологија“ , се вклучени или во најмала рака учесниците имале поддршка од високи функционери. Од Социјалдемократскиот сојуз категорични, одговорност за случајот „Онкологија“ ќе има за сите инволвирани. Власта апелира да не се политизира и да не се злоупотребува случајот. Опозицијата пак одговара-какви и да има измени во кривичниот законик, одговорност ќе има.

Од Обвинителство велат дека интензивно се преземаат дејствија, се вршат распити на лица и се анализираат прибраните материјални докази. Бидејќи е предистражна постапката, Обвинителството не споделува конкретни детали. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ги уверуваше пациентите на Клиниката за онкологија дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите и дека терапијата е соодветна и нема никакви злоупотреби со лековите.

Министерството за здравство денеска соопшти дека министерот утринава присуствувал на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот. Меџити со лекарите разговарл за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елиминирање на какви било злоупотреби со терапиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*