Министерот за Правда Лога: Останува Можност за Распуштање на Судскиот Совет

Распуштањето на Судскиот совет, останува како можност и тоа ќе се одвива постепено преку институциите на системот и не наеднаш, рече министерот за правда, Кренар Лога во одговорот на новинарско прашање во врска со неговиот став за распуштање на актуелниот состав.

„Ставот и можноста за распуштање остануваат. Но тоа нема да биде трауматичен процес, туку постепено кој треба да биде обезбеден од институциите“ – рече Лога.

На новинарското прашање во врска со Судскиот совет и дали е најдено решение во услови кога ЕУ го проверува работењето на Судскиот совет, министерот појасни дека имал средба со претставник на ЕУа а доуредувањето на законот е опфатено во Стратегијата 23-27.

Во врска со случајот за модуларната болница во Тетово, министерот имал средба со обвинителот Љубомир Јовески. На средбата бил информиран за тоа колку предмети се отворени и како се водат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*