Сојуз на Синдикати на Македонија Предлага Поништување на Зголемувањето на Платите на Функционерите

Сојузот на синдикатите им пиша на пратениците. Побара да се извршат итни законски измени, за платите на функционерите кои пораснаа за 78 насто да се вратат на старо. ССМ предупреди дека оваа категорија вработени незаслужено има повисоки примања за кои не испорачала резултати, ниту пак имала зголемен ангажман.

„Сега бараме да се врати нивната пресметка на плата, како што е за сите граѓани во државата, за работниците и за пензионерите, да биде и за нив. Кога ќе дочекаме и ние евентуално зголемување на платата и нова пресметка, секако и тие да си добијат покачување на плати“, изјави Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека сè уште не ја разгледале иницијативата, но дека неговата политичка партија се залага за континуиран раст на платите и пензиите. „Ќе настапуваме со нашите политики и мерки во делот на зголемување на платите. Според колективниот договор во септември ќе има зголемување на платите од 10%. Нема да застанеме тука, додека е СДСМ на власт платите и пензиите ќе растат“, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, се на став дека политиките на власта ги довеле граѓаните на раб на сиромаштија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*