Претседател Ковачевски: Македонија – Пример за Мултиетничка Демократија и Европски Вредности

Охридскиот рамковен договор донесе мир и овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите – напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук по повод 22-годишнината од потпишувањето на документот со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001-та.

Првиот човек во Владата оценува дека државата денеска е пример за функционална, мултиетничка демократија којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом.

Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди – напиша Ковачевски. Лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати повик за обединување и единство околу европската интеграција. Сега кога земјата е членка на НАТО, не треба да се испушти историската шанса за обезбедување на иднината, смета Ахмети. Побара од пратениците да се усвојат уставните измени. Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека е редно, по 22 години, неговата партија да замине во опозиција.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13-ти август 2001-та година, а потписници беа поранешниот претседател Борис Трајковски како и лидерите на најголемите политички партии Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Имер Имери и Арбен Џафери. Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов во објавата за годишнината од Рамковниот договор посочи дека македонските бранители победиле во сите битки во конфликтот, а изгубиле политичарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*