Албин Курти Во Посета: Од Пременување на Улица до Регионални Врски

Премиерот на Косово, Албин Курти е во неформална посета на земјава, на средби со градоначалниците на Чаир и на Тетово, Ганиу и Касами.

Курти во Чаир присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Адем Демачи, косовски интелектуалец кој повеќепати бил апсен во времето на Југославија поради големоалбански сепаратизам.

Во обраќањето, Курти рече дека пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето „Беса“, Билал Касами, на „Алтернатива“, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.

Курти беше и во Тетово каде со Касами ја промовираа идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*