Османи ги претстави достигнувањата на Претседавањето со ОБСЕ: Фокус на Украина и стабилност во регионот

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес во Стразбур се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ). На половина од Претседавањето со ОБСЕ, Османи ги претстави досегашните активности во својство на Претседавач. Како клучни, Претседавачот ги издвои посетите на Украина, Молдавија, Јужен Кавказ, како и на Србија и Косово, потенцирајќи ја и континуираната работа на ОБСЕ во овие клучни региони за Организацијата. „Живееме во период на демократско назадување и безбедносни предизвици поради руската воена агресија против Украина, која ги наруши принципите на кои се втемелени нашите организации. Затоа, приоритет на нашето Претседавање е да обезбедиме суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ. Откако ќе се врати мирот и Русија ќе ги повлече своите сили од суверената територија на Украина, ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за нејзино повоено закрепнување“, рече Османи во своето обраќање. Покрај планот за Украина, Османи се осврна и на другите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ, за кои како Претседавач презентираше патокази за постепено решавање што ќе доведе до долготрајна стабилност и мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*