Одбележана 20-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Љуботенски Бачила

Делегации на Владата на Република Северна Македонија предводени од државните секретари на министерствата за одбрана и внатрешни работи Драган Николиќ и Магдалена Несторовска денеска положија свежо цвеќе на неколку локации по повод 20 години од загинувањето на осум припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

Владините делегации оддадоа почит и положија цвеќе пред спомен обележјата во Општина Ѓорче Петров, с. Волково, с. Љубанци и касарната Илинден.

Венци цвеќе положија и почит кон загинатите оддадоа припадници на Армијата и полицијата, претставници на локалната власт и блиски и членови на семејствата.

На 10 август 2001 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*