Средба на министерот Нухиу со претставници од Амбасадата на САД

Денеска министерот за внатрешни работи  на  Република Северна  Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со  Хит Вард, Регионален офицер за безбедност и Ендрју Мофат, Втор секретар во политички сектор при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

На средбата од страна на соговорниците беше потврдена досегашната извонредна меѓусебна соработка, а од страна на министерот Нухиу беше изразена благодарност за поддршката во јакнењето на капацитетите на министерството изминатиов период, која со  несмален интензитет ќе продолжи и во иднина.

Министерот Нухиу и американските претставници разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава, како и за активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите надлежности, ги презема во справување со глобалната пандемија со Ковид – 19.

На средбата присутните се согласија дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битен елемент во градење на доверба на државата и државните институции на патот кон Европската Унија, а Соединетите Американски Држави остануваат наш докажан стратешки партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*