Состојба на Патиштата, Понеделник, 16.03.2020

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 26.02.2020 г. Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта ќе се одвива наизменично, по една коловозна лента, поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

ДОО “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес) од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај се додека траат градежните работи, кои ќе траат во наредните 4 месеци. Проектираното времено сообраќајно решение предвидува забрана за сообраќај во зоната на градежни работи, па поради тоа пренасочување ќе има на дел од автопатот А1 зона клучка Велес Југ и во градот Велес преку стар мост кон автопат А1.

ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница: Демир Капија-Смоквица, за време на изведување на градежни работи-електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година).

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри. Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден,сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

Поради изградба на фекален колектор на реката Вардар, на дел од булеварот Србија ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од 27.01.2020 година, а со градежни активности ќе биде опфатен потегот од крстосницата со бул. Јане Сандански и бул. Видое Смилевски Бато до крстосницата со бул. АСНОМ. Времениот режим на сообраќај ќе биде поставен на крајната десна и средна сообраќајна лента на еден дел од булеварот, а сообраќајот ќе се движи само по крајната лева сообраќајна лента во посочениот правец.

Од 17.12.2019 поради изведување на градежни активности на бул. “Никола Карев”, ќе биде воведен времен сообраќаен режим кој ќе трае се до завршување на истите. Апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*