Мемеди најави повлекување на сите членови на НДП од државните институции

Претседателот на НДП Весел Мемеди најави на прес-конференција во Македонското Собрание дека сите државни функционери од неговата партија, која е коалициски партнер на СДСМ во владата, ќе се повлечат од своите функции доколку Собранието го усвои предлогот на Премиерот Зоран Заев за разрешување на Министерот за Локална Самоуправа Сухејл Фазлиу за на негово место да дојде Роберт Милевски, претседател на ЛДП.

Мемеди обвинува дека оваа смена е резултат на таен договор помеѓу СДСМ и ДУИ, и дека Фазлиу како министер бил трн во окото на Македонското криминално подземје.

„Ова министерство му припаѓа на Албанците, ова министерство секогаш било раководено од Албанец. Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ. Немам морално право да го жртвувам министерот Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита,“ изјави Мемеди.

Соранието на седницата одржана во средата сепак ја усвои одлуката за разрешување на министрите Сухејл Фазлиу, Драган Тевдовски, Хазби Лика, Садула Дураки, Љупчо Николовски, Асаф Адеми и Зоран Шапуриќ. Иако најави дека планира да го преземе раководењето со Министерството за Финансии, Премиерот Заев го повлече овој предлог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*