Финансиската Полиција заплени 12 тони тутун во селото Љуботен

По големата полициска акција која во вторникот се случи во селото Љуботен, директорот на Финансиската Полиција Арафат Муареми излезе на прес конференција каде откри дека полицијата запленила 12 тони тутун од атарот на селото.

„Правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот. Од нелегалниот увоз на тутун и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра. Засега повикани на разговор се 4 физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно одговорно лице во правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено,“ соошпшти Муареми.

Директорот на Царинската Управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски изјави дека тутунот од видот Вирџинија се увезувал во земјава од Албанија, Бугарија, Грција и Србија.

„Правните лица нелегално внесувале во земјата необработен тутун ‘вирџинија’ кој не е дозволен во земјава. Потоа се преобработувал и се продавал без акцизна бандерола. Оваа акција денеска беше по налог на јавен обвинител за да се приберат докази за целокупната истрага. Таргет се правните лица. Тутунот се обработувал во домашни услови, при што анализите покажаа и присуство на влага. Не само што е оштетен буџетот туку загрозено е здравјето на граѓаните со неговата продажба на пазарот,“ изјави Танасоски.

Жителите на Љуботен пак, видно вознемирени, тврдат дека обработката на тутун им е единствен извор на месечни приходи за издршка на семејствата, и изреволтирани ид спроведувањето на акцијата, изјавија дека ниту еден од Македонските политичари повеќе не е одбредојден во селото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*