Состојба на Патиштата, Среда, 29.05.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Mакедонијапат известува дека од 29.05.2019 – (среда) во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот помеѓу млекара Дуброво и село Војшанци. За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16 часот. Како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија – Корешница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд ДООЕЛ Гостивар, известува дека на ден 27.05.2019 па се до 29.05.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Штип – Кадрифаково за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с. Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека завршија протестите пред зградата на Владата, па сега сообраќајот на булеварот Илинден во двете насоки на движење се одвива непречено и без застој.

ЦУКС известува дека денеска почнаа градежните активности за реконструкција на коловозот на дел од ул. “Димитрија Чуповски” во Општина Центар и тоа од крстосницата со улиците Васил Главинов и Даме Груев кај Т.Ц. Палома Бјанка до крстосницата со бул. Свети Климент Охридски, па на овој потег е воведен и времен сообраќаен режим. Времениот сообраќаен режим ќе се спроведува етапно, прво во едната насока, па потоа во другата, ќе биде воспоставен од почнување на градежните активности од 7 часот наутро, до 17 часот попладне. Привремената измена на сообраќајот ќе важи до завршување на градежните работи, односно околу 45 работни денови.ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

Виадукт трејд известува дека согласно добиеното одобрение за измена на режим на сообраќај, според Основен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај на дел од ул. “Јордан Мијалков” во Скопје поради изместување на постоен оптички кабел со технички бр. 18 003 001 Ве известуваме дека на ден 18.05.2019 – сабота ќе се започне со изведување на градежни активности во времетраење од 15 дена на дел од ул. Јордан Мијалков за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорска во Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирска во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

РАБОТИ НА ПАТ:

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 20.05.2019 година, на патниот правец Р2234 Јегуновце – Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт во време траење од 30 дена.

Виадукт трејд известува дека од ден 15.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт трејд известува дека од 10.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, Струмица – Раброво за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

Виадукт трејд известува дека од ден 07.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што има променет режим на сообраќај.

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делница Јурумлери – Драчево и делницата Драчево – Орешани – Таор, од 15.04.2019 година се воспотавува времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.Од 20.05.2019 г. ќе се започне со асфалтирање на завршен слој алфалт на потегот од Долно Лисиче кон Јурумлери. Сообраќајот ќе биде во прекин до 24.05.2019 година.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)
-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино – Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа МакПетрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македониапат известува за реконструци надградби и сананации следниве патни правци Р1206 Синичане-Пирок-Врапчиште, и на патниот правец А2 крак врска со Неготино.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово-Попова Шапка кој ќе трае до крајот на 2019 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*