ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ криминална е поим за криминал и корупција, државата е во општ застој откако со неа управува Зоран Заев

СДСМ криминална е поим за криминал и корупција. Зоран  Заев го патентираше земањето мито по принципот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

Заев е единствен политичар во светот фатен како бара 200.000 евра мито, а е ослободен од обвинение само затоа што е премиер. Ова служи за  потсмев со Република Македонија насекаде во светот.

Сите светски медиуми ја карактеризираат државата како мека на криминалот и корупцијата, потврда за тоа е и извештајот на Греко, а за тоа виновен е директно Зоран Заев.

Криминалниот начин на работење кој Заев го патентираше во Струмица сега се применува на  ниво на  цела Република Македонија. Државниот Буџет наместо за потребите на граѓаните се троши за полнење на џебовите на високите функционери на власта.

Фирмите на  Кочо Анѓушев се јавуваат на скоро секој еден  тендер во државата, без разлика дали е милионски или само за неколку илјади евра.

Тендер од 35 милиони евра се местеше за фирми кои што се основани само неколку дена пред огласот да биде распишан. Десет милиони евра од Фондот за иновации наместо кај вистинските иноватори завршија кај партиски функционери и нивни роднини.

Власта повеќе од една година нема направено ниту еден нов проект, нема отпочнато ниедна инвестиција, државата е во општ застој откако со неа управува СДСМ и Зоран Заев.

Власта се злоупотребува и користи за остварување личен  профит на поединци. Државата од мајка станува маќеа за граѓаните. Ова не смее да продолжи, оваа криминогена власт мора да си замине. Вистинската бомба за Македонија е оваа криминална власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*