Момчето со церебрална парализа со својот трицикл ќе пристигне во Охрид

Момчето со церебрална парализа со својот трицикл ќе пристигне во Охрид

Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето  со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“. Пред министрите за труд и социјална политика, за образование и наука и за здравство, Мила Царовска, Арбер Адеми и Венко Филипче, но и пред истакнати експерти, доктори од областа, Премиерот Заев го искажа своето задоволство што ја има честа да биде покровител на оваа меѓународна научно – стручна конференција. Во продолжение ви го пренесуваме во целост текстот на неговото обраќање: „Можам и би сакал да повикам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да можат и тие да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат. Верувам дека сите знаете дека во библиотеката на Владата работи Нина, којашто е девојка со Даунов синдром. Но тоа воопшто не е пречка таа да ја извршува својата работа одговорно, професионално и посветено. Знам дека Владата не е исклучок. Знам дека и во други државни, но и во приватни институции, па и кафулиња работат лица со некаков вид на попреченост. Но за жал ваквите примери се малку. Малубројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес. И во овие сфери едноставно мора да сториме повеќе. Но, се почнува и зависи од нашата свест. Министерката Царовска спомена дека со новиот Закон за социјална заштита за лицата со попреченост, меѓу другото, се обезбедува лична асистенција. Тоа во голема мера им помага и им го олеснува функционирањето на овие луѓе. Но ако при една прошетка со личен асистент овие лица ги погледнуваме како да не се луѓе, тогаш тие пак ќе се чувствуваат непријатно, без разлика што полесно се движат. Ист е случајот и со неприфаќање на дечињата со попреченост од нивните врсници во училиште. И овде потфрлуваме ние возрасните бидејќи не ги учиме нашите деца да ги прифаќаат различностите. Исто така, не случајно националната стратегија за деинституционализација го носи името „Тимјаник“. Се сеќавате каква беше реакцијата на жителите кога се обидовме во мали групни домови да сместиме деца со попреченост. Истите тие луѓе, кога одблизу ги запознаа дечињата, веднаш го сменија својот став. Почитувани, Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или на оној начин се разликуваат од нас. И тоа зависи од секој од нас. Пораките коишто секојдневно ги пренесуваме како едукатори, како доктори, експерти или како политичари допираат до сите. Затоа тие пораки треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица…

Премиерот Заев на Македонскиот енергетски форум 2019: Производството на чиста енергија треба да биде еден од генераторите на економскиот раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2019 „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“. Премиерот Заев и в.д…

Премиерот Заев и Принцот Едвард: Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина во области од заеднички интереси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.   На…
Состојба на Патиштата, Петок, 17.05.2019

Состојба на Патиштата, Петок, 17.05.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги…

Премиерот Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Европската организација за нуклеарни истражувања, популарно позната по кратенката ЦЕРН.   Делегацијата, предводена од Проф. д-р Кристоф…

Претседателот Пендаровски ги прими амбасадорите на Република Словенија и на Народна Република Кина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.   Амбасадорите во име на претседателите на…
Царовска: Се интензивираат активностите на мобилните тимови, идентификувани 167 деца на улица

Царовска: Се интензивираат активностите на мобилните тимови, идентификувани 167 деца на улица

167 деца меѓу кои 18 бебиња се идентификувани на неколку пофрекфентни крстосници во Скопје изминатите две недели од страна на 6 мобилни тимови. Најчестите активности во кои децата се вклучени,…

Премиерот Заев и министерката Царовска на презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан на којшто се презентираа резултатите од Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените во нашата земја.   Воведни…
Состанок на Главната мешовита комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

Состанок на Главната мешовита комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

На 14 мај 2019 година во Тирана, Република Албанија, се одржа редовниот состанок на Главната мешовита комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија меѓу Република Северна Македонија и…