За Македонија

Кумановски настани: Обвинителството презема активности, Бајрами и крилото на Села реагираат

Обвинителот Џелал Бајрами, од републичкото јавно обвинителство, вели дека нема никакви сомнежи за тоа кој го запалил неговиот автомобил. Синоќа во Куманово беше запалено неговото возило. “Не се сомневам во некого, ниту сум имал некоја закана од некого. Очекувам многу бргу да се откријат сторителот или сторителите и да се изведат пред лицето на правдата”, изјави Бајрами за ,,Фокус”. Бајрами ...

Read More »

Заменик министерот за внатрешни работи Исени во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на СВР Куманово. Во рамки на посетата беше разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект. Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се ...

Read More »

Министерката Јаневска и ДУИ тргуваат со обвинувања

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека Државниот просветен инспекторат е на пат кон училиштето во Челопек, со цел да го истражи настанот од четвртокот минатата недела кога се одржуваше приредба со ученици кои во еден дел од настанот носат униформи со амблеми на УЧК и пластични пушки. Според министерката, дополнително добиле пријави за училиште во Чаир, две ...

Read More »

Дамева ги образложи причините за оставката од функцијата претседател на Судскиот совет

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 2 декември си поднесе оставка. Во своето обраќање до јавноста таа рече дека оставката е неотповиклива и дека одлуката ја донела како последица на обидите да се наруши нејзиниот интегритет од неколку политичари од власта, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. Дамева рече дека власта нема слух за подобрување на состојбите во судството, ...

Read More »

Случај Дамева: Прашањето за наследникот не го расправа Советот, Владата ја поздрави оставката

Судскиот совет на денешната вонредна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата, поради отсуството на двајца членови Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски. Останатите едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав и на изборот да се навратат на следната седница. И додека од оставката на Дамева се изненадија нејзините колеги, ...

Read More »

Прашање Дамева: ВЛЕН оценува дека ДУИ нема легитимитет да зборува за судството

ВЛЕН одговори на реакцијата на ДУИ за оставката на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет, оценувајќи дека „партискиот клан што уништи сè“ нема легитимитет да зборува за политичка етика и притисоци. “Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот ...

Read More »

17 уапсени за инциденти на Денот на албанското знаме, мерка притвор за тројца

Во петокот на три лица кои беа уапсени во врска со инцидентите за време на четвртокот на одбележувањето на Денот на албанското знаме во Северна Македонија, им беше изречена мерка притвор од осум дена поради можност да побегнат и да го повторат делото. Тие се осомничени за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост по национална, расна, верска или која било друга ...

Read More »

СДСМ ги повика Тошковски и Јанев да поднесат оставки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во петокот ги повика Панче Тошковски и Александар Јанев да поднесат оставки од функцијата министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност поради инцидентите, вклучително и сквернавењето на државното знаме, за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме во Северна Македонија во четвртокот. “Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата ...

Read More »

ДУИ го повика Тошковски да поднесе оставка поради „неоправданата“ интервенција на полицијата

Во соопштението за медиумите во петокот, ДУИ го повика Панче Тосковски да поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи поради „неоправданата и невидена полициска интервенција“ за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме во четвртокот. „Оваа интервенција не само што ги опструираше мирните и традиционални настани на Албанците, туку предизвика и непотребни тензии и инциденти кои ја нарушија ...

Read More »

Нови реакции за инцидентите на денот на албанското знаме

Во врска со инцидентите за Денот на албанското знаме, Бојан Христовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, во саботата рече дека бидејќи информациите на безбедносните служби биле доверливи, не може да открие детали во однос на тоа дали имале оперативни информации пред инцидентите и. ако е така, каков тип. „Во тек сме со сите настани и превентивно и реактивно. Како ...

Read More »