
Новиот Кривичен законик предвидува посебно кривично дело за злоупотреби во јавните набавки, концесиите и договорите за јавно-приватно партнерство. Ова опфаќа незаконско склучување договори за концесија, незаконски измени на договорите, како и местење на условите и техничките спецификации со цел да се фаворизира одреден понудувач на тендер.
Максималната казна за овие кривични дела ќе изнесува 15 години затвор, доколку со делото е стекната значителна имотна корист или е причинета штета. Исто така, предвидени се построги казни за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Премиерот Мицкоски тврди дека претходната влада ги донела измените од 2023 година со намера да се заштити од кривична одговорност, како и да обезбеди политичка поддршка за уставните измени. Новиот закон не може да се примени за кривични дела сторени во минатото.