Мицкоски очекува законите од реформската агенда да бидат усвоени до крајот на годината

Според премиерот Мицкоски, до крајот на декември во Собранието треба да биде усвоена низа закони од Реформската агенда. Тие се однесуваат на јавната администрација, дигиталната трансформација, транспортот, енергетиката и правосудството.

Кривичниот законик и Законот за кривична постапка се исклучително важни закони за кои Брисел треба да даде „зелено светло“ дека се соодветно подготвени. Во пакетот закони е опфатено и финансирањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, при што е начелно договорено нивното финансирање постепено да се зголемува во текот на наредните години.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *