Главни Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ подготвени за избори и повеќе поддршка од народот

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето, во изминатите два дена добив огромна поддршка од народот и сега сум убеден дека на следните избори можеме да добиеме 61 пратеник во Собрание, порача опозицискиот лидер Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање за јавната кавга со неговиот претходник Груевски. Тој вели е подготвен уште утре да се распишат изборите, а тогаш ќе се обелодени каде ...

Read More »

Евроамбасадорот Гир изрази загриженост за состојбата на правосудството во Македонија

За Европската унија сериозна загриженост предизвикуваат случувањата од летото во Судскиот совет, но и начинот на носењето на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој посочува дека иако бил забележан напредок во делот на владеењето на правото, кој е клучен за евроинтегративниот пат на земјава, сепак во одредени области состојбите мора да се подобрат. Порача без одложување да продолжат реформите ...

Read More »

Мицкоски и Груевски во јавен спор: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одбива дијалог преку медиуми

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски ја продолжи борбата со поранешниот лидер на партијата Груевски, кој избега и е во азил во Будимпешта. Груевски вчера реагираше на интервјуто на Мицоски дадено за германскиот весник ФАЦ, во кое вели дека Груевски со актуелната власт е во „валкан дил“, и во тајни преговори за да ја подели партијата. Бегалецот Груевски преку фејсбук му ...

Read More »

Милошоски ја обвинува власта: Преговарале амнестија за Груевски и влијание врз опозицијата

Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговарала амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „измените во Кривичниот законик не се случајни, имаат ...

Read More »

Мицкоски: Има тајна комуникација меѓу Груевски и Влада

За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови,  тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” „Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее. Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања“ – вели ...

Read More »

Состаноците за измените на законот се одржувале тајно во Клубот на пратеници

Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема одговор зошто сега и без широка дебата се менува кривичниот законик, но затоа открива дека за измените уште пред неколку години тајно се договарал со поранешните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Груевски. Во интервју за ТВ21 вели дека состаноците ги одржувале во Клубот на пратеници, а дебатата се водела и во последните ...

Read More »

Обвиненија дека државата дозволила неовластено следење на граѓаните

Кој ги користел шпионските системи Пегасус и Предатор во Македонија слушнаа само пратениците со безбедносен сертификат во Комисијата за надзор на АНБ и Агенцијата за разузнавање… Под знак на строго доверливо, безбедносните служби доставиле изнформации за скандалот со неовластено следење на комуникации, но според опозицијата тие не се демант за нивните обвинувања дека државата свесно дозволила во Македонија да се ...

Read More »

Пендаровски: Не би го амнестирал Груевски

Дека сценарио за спас на експремиерот Груевски се дискутирало во политичките кругови потврди претседателот Стево Пендаровски. Во интервју за „Трилинг“ открива дека бил консултиран да го амнестира избеганиот Груевски. Уверува дека не би го сторил тоа. „На едно неформално ниво од пред седум, осум месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност, што мислам околу таа можност. ...

Read More »

Ковачевски: Нашата држава треба да се интегрира во Европската унија

Местото на нашата држава е во Европската унија, каде се најдобрите и најразвиените. ЕУ е отворена за брза интеграција. Сега е време за носење одлуки, не за уставни промени, туку дали сме за членство во ЕУ, порача премиерот Ковачевски од третиот економски и финансиски форум во Скопје. Премиерот Ковачевски вели измените на законите се брзи за доближување до европското законодавство, ...

Read More »

Амбасадорот на ЕУ и холандскиот амбасадор изразуваат загриженост за измените на Кривичниот законик

Не престануваат пост фестум реакциите за измените на Кривичниот законик со кои функционерите веќе од утре ќе добиваат пониски казни за злоупотреба на службена положба. Денеска амбасадорот на ЕУ го повтори ставот на Европската комисија која изрази загриженост поради измените. Кон овој став се приклучи и холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп. Изјави дека, холандската амбасада многу сериозно ги ...

Read More »