
Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес – порачал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Транспортни коридори и безбедносна архитехктура за иницијативата три мориња“ во Стопанската комора.
“Од една страна го имаме најголемиот бизнис коридор во Европа, Коридорот 10, кој се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, Коридорот 8. Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност и затоа ние како влада посветуваме големо внимание, енергија и инвестиции да ги доизгрaдиме и модернизираме”, порачал Николоски.
Од неговиот кабинет велат дека говорејќи за геополитичката позиција на Македонија, Николоски истакнал дека политиките на владата се насочени Македонија да биде поставена како стратешки партнери на САД во регионот.