Вести

Интегрално обраќање на премиерот Заев на промоцијата на кампањата „Излези за европска Македонија“ на коалицијата „Заедно за европска Македонија“: Да излеземе и да гласаме “ЗА”, за да обезбедиме европска Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денесја имаше свое обраќање на промоцијата на кампањата „Излези за европска Македонија“, што во наредните денови ќе ја спроведе коалицијата „Заедно за европска Македонија“, кое ви го пренесуваме во целост:   Денес е важен ден за иднината на Македонија. Стоиме пред еден настан со историски пропорции што ќе влијае на нашата земја ...

Read More »

Потпишана спогодба за покачување на платите на просветните работници

Министерот за образовани и наука, Арбер Адеми и претседателот на Самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, во Владата на Република Македонија, потпишаа спогодба со која се утврдува покачување на платата за просветните работници во основното и средното образование.   Спогодбата за зголемување на основицата ...

Read More »

Премиерот Заев прими делегација на Конгресот на САД: Развојот на демократските капацитети ја носат Република Македонија на ново ниво поблиску до полноправното членство во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими во посета делегација на конгресмени на Соединетите американски држави, предводени од нивниот колега Бил Флорес. На средбата на која присуствуваа и Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за  надворешни работи Никола Димитров, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и советниците во Кабинетот ...

Read More »

Честитак на Премиерот Зоран Заев за Голема Богородица

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, денеска, присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во црквата „Светa Богородица“  во Осоговскиот манастир во близина на Крива Паланка. Обраќајќи им се на граѓаните, кои по повод празникот Пресвета Богородица ...

Read More »

Христијан Мицкоски во Берово за Голема Богородица

Денес се наоѓаме во Берово, помеѓу граѓаните во Берово и Беровската општина. Ја користам оваа прилика на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник и да им посакам многу здравје, среќа, успеси на нив и нивните семејства, во период кој што ни доаѓа да се радуваме за успешна, среќна и просперитетна Република Македонија. За ...

Read More »

Во општина Ранковце се отвори првата домашна фабрика за производство на пелети за огрев

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со министерката без ресор, Зорица Апостолска, присуствуваа на свеченото отворање на фабриката за производство на пелети „Еко лајф“, во Гиновце, општина Ранковце. На свеченото отворање присуствуваа и градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. ...

Read More »

Царовска: До крајот на годината ќе отвориме 24 нови градинки, згрижуваме деца во руралните места, воспитувачите добиваат повисока плата

До крајот на годината Министерството за труд и социјална политика планира да отвори вкупно 24 нови градинки низ Македонија со буџет кој изнесува 41,6 милиони денари и е за 44% поголем од парите искористени за истата намена лани. 11 од објектите се веќе отворени и имаат капацитет за над 600 деца кој е речиси пополнет, а обезбедени се и 86 ...

Read More »

Министерот за Надворешни Работи Димитров го посети Летниот камп по Македонски јазик и култура

Денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура “Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од Регионот и пошироко. Оваа манифестација се одржува од 2012 година. Mинистерот Димитров изрази благодарност за интересот да ...

Read More »

Мицкоски: Разговараме со младите за реалните општествени и економски проблеми и нивно решавање

Денеска на покана во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаме во Лесновскиот манастир овде во близина на Пробиштип, во близина на Злетово. Генерално ќе има настан каде што ќе може да разговараме со младите, но и со жителите на Пробиштип и на Злетово околу реалната политичка и економска состојба во државата за сите оние проблеми кои ...

Read More »

СДСМ: Лицемерието на Мицкоски е повеќеслојно

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот. Зошто тогаш Мицкоски не се откажа од буџетски пари? Дополнително, ВМРО ДПМНЕ со условувањето на ДИК го доведоа во прашање и распишувањето на референдумот. Мицкоски нека не глуми загриженост туку да каже јасен став за референдумот. ...

Read More »