Author Archives: sasko

Премиерот Заев и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг: Блиску е денот кога Република Македонија ќе биде земја членка на сојузот кој седум децении обезбедува безбедност и развој на евроатлантскиот регион

  Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска одржаа заедничка прес конфренција на која информираа за заедничките активности во рамките на официјалната посета на Генералниот Секрeтар на НАТО Столтенберг и на делегацијата на алијансата што го придружуваше.   Заедничката прес конференција се одржа веднаш после работниот ручек на кој премиерот Заев ...

Read More »

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На другите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, ...

Read More »

Средба на претседателот Иванов со генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими генералниот секретар на НАТО,  г. Јенс Столтенберг. На средбата беше разговарано за актуелната внатреполитичка состојба во Република Македонија, за евроатлантските интеграции на земјата и за напредокот на реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите. Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија е силно посветена на промовирањето на мирот и стабилноста ...

Read More »

Министерот Филипче во Новаци: Имаме силна поддршка од светот, заедно да донесеме вистинска одлука на референдумот ЗА европска Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на општина Новаци. Зборувајќи на граѓанската трибина во Новаци, Филипче ги потенцираше придобивките за граѓаните од членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Акцентирајќи ја поддршката што доаѓа од демократскиот, западен свет за Македонија, ги повика граѓаните да ја искористат оваа историска шанса и на референдумот да излезат масовно, да ја ...

Read More »

Царовска во Берово: Имаме силна поддршка, да ја искористиме, со социјалните реформи подготвени да станеме пример во регионот

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска  разговараше со претставниците од локалната власт и граѓаните во Берово.   На средбата со граѓаните министерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ ...

Read More »

Мицкоски се Сретна со Хелбах

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Кристијан Хелбах, Специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ ...

Read More »

Премиерот Заев од граѓанската трибина во Карпош

Премиерот Заев од граѓанската трибина во Карпош: Светот со почести и огромна почит пружа поддршка за Македонија, да ја прифатиме подадената рака од ЕУ и НАТО! 05.09.2018 Во позитивна атмосфера беше пречекан Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев од граѓаните на општина Карпош со кои тој разговараше на граѓанската трибина за важноста на историската ...

Read More »

Спасовски: 260.000 евра дневно за Македонија како помош од Европската унија, по 30 септември таа помош ќе расте, 04.09.2018

  Ова е историски момент за Македонија, затоа што граѓаните со својот глас „за“ на референдумот на 30 септември ќе донесат историска одлука за влез на нашата држава во НАТО и Европската унија, рече вечерва министерот за внатрешни работи и заменик на претседателот на владата Оливер Спасовски на средбата со граѓаните во велешко Оризари. -Придобивките се огромни од членството во ...

Read More »

Премиерот Заев од Пехчево: Да излеземе масовно на 30 септември, на сите да им покажеме дека си ја сакаме нашата Македонија, дека сме ЗА европска Македонија, 03.09.2018  

„Убеден сум дека референдумот во Македонија ќе успее но сакам бројките да бидат државнички, онака како што личи на зрел, свесен народ, за својата земја и за иднината на својата земја“, рече Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на Пехччево. Потенцирајќи дека и на референдумот на 8 септември во 1991-вата година, граѓаните на Република Македонија биле исправени ...

Read More »

Шекеринска во Струмица: Македонија е добредојдена во ЕУ и НАТО, време е нашите деца да ги добијат истите можности како нивните врсници во Европа

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска е во посета на Струмица каде имаше средби со граѓаните и градоначалникот Коста Јаневски, а вечерва ќе учествува на трибина. Таа им порача на струмичани дека е убедена во нивната поддршка на референдумот кој е патот за Македонија кон ЕУ и НАТО, бидејќи Струмица веќе ги почувствува придобивките од европската помош со кои се ...

Read More »