Monthly Archives: February 2024

Амбасадорката Агелер: Гласачите треба да се информираат преку сигурни извори и да гласаат

Изборите се за граѓаните, но и за иднината на државата, порача американската амбасадорка Анџела Агелер на 27 февруари. Таа се надева дека изборната кампањата ќе се фокусира на суштинските прашања, а не на лични напади, затоа што, како што вели, луѓето се уморни од негативности. „Дури тогаш гласачите ќе можат да направат избор меѓу кандидатите за оние за кои веруваат ...

Read More »

Дискусии во Собранието за продолжување на важноста на пасоши

Измените на законот за продолжување на важноста на патните исправи до крајот на годината, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во среда пред пратениците. Првиот човек на Собранието, Јован Митрески потврди дека точката ќе биде ставена на дневен ред, но предупреди дека меѓународни договори не може да се менуваат со закон. Сепак, тој рече дека пратениците ќе ја донесат одлуката. Опозицијата побара поддршка ...

Read More »

СДСМ Предлага Намалување на Платите за Пратеници и Други Функционери

Пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и другите избрани и именувани функционери нема да добијат ново покачување на платите во износ од 300 до 500 евра. СДСМ предлага да им се ограничат наместо да се усогласат со растот на просечната плата. Доколку не се донесат измените на шест закони, над илјада функционери ќе добијат плати повисоки за 15,3 одсто. Се предлага ...

Read More »

Жалба на Таткото на Леонид: Одбиена рехабилитација во Виена, чекаат образложение од ‘Тоарилуц’

Таткото на Леонид, Бранко Индов поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО која го одби барањето за рехабилитација на неговиот син во Виена. Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“ е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно ...

Read More »

Состојба на патиштата 27.02.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните ...

Read More »

Мицкоски ги повикува граѓаните за потписи, Ванковска на Левица не го прифаќа Договорот од Преспа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога е во прашање постапката за собирање потписи за Гордана Силјановска Давкова, во понеделник ги повика граѓаните да се упатат во канцелариите на Државната изборна комисија и да потпишат на 3 март. Тој смета дека за неколку часа ќе се соберат 10.000 потписи. Кога станува збор за самата ДУИ, кандидатот поддржан од партијата, министерот за ...

Read More »

Тошковски разговара со амбасадорите на Австрија и Хрватска за патни исправи и изборен процес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер и со амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ. „Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија ...

Read More »

Собранието го бира нов член на ДИК и гласа за Законот за игрите на среќа

Собранието во среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игрите на среќа и за забавните игри Собранието в среда во рамки на 145. седница се очекува да избере нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие ...

Read More »

Агелер: Украина продолжува да се бори, а САД стои на нејзината страна

Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер на конференцијата „Украина – две години хероизам“ денеска истакна дека по почетокот на војната украинските херои продолжуваат да се борат и оти нивната храброст и сила освоила мали и големи победи и покрај тоа што преживеа големи загуби. Украина, рече Агелер, ќе победи со сета наша помош, и за тоа нема алтернатива. “Не ...

Read More »

Интернет Измама: Велешани Продаваат Монети и Чекови со Ликот на Трамп

Живеат во Велес, а заработуваат илјадници долари од американски државјани. Млади велешани повеќе од една година преку интернет продаваат банкарски картички, монети и чекови со ликот на Доналд Трамп за кои се тврди дека ќе имаат огромна вредност ако тој стане претседател. Шемата за измама ја открива Радио Слободна Европа. Најчеста мамка се монтираните фотографии на кои Трамп држи картичка ...

Read More »