Monthly Archives: November 2023

Германската амбасадорка: Подобри резултати потребни за европска иднина

Реакциите на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија продолжија. Во петокот, германската амбасадорка Петра Дрекслер изјави дека земјата мора да даде подобри резултати во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата доколку сака да се надева на европска иднина. Таа го опиша документот како добра основа за идните преговори. Реакции имаше и во саботата. Опозицијата на етничките ...

Read More »

ДУИ се обвинува за саботирање на Врховниот суд и поддршка на Никола Груевски

gruevski

Албанската опозициска партија Демократско движење, обвинува дека два интернет портали водат негативна кампања против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, поради како што велат, нејзиното противење да усвои начелно правно мислење со кое ќе ги оживее аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. На прес-коференција во седиштето на партијата во Скопје, Арбр Кадриу рече дека целта е владејачката ДУИ да го ...

Read More »

Сашо Мијалков: Полесно обвинение во делото ‘Трезор’

Обвинителството го преквалификуваше кривичното дело во предметот „Трезор“. Поранешниот директор на УБК и првообвинет, Сашо Мијалков, сега се соочува со полесно обвинение, затоа што според кривичното дело кое му се става на товар од членот 353, став 4, казната затвор е една до пет години. Ова следува по неполни два месеци од измените и дополнувањата на Кривичниот законик. „Согласно измените ...

Read More »

Судската пресуда во случајот „Фероинвест против ИРЛ“ предизвика реакции за слободата на медиумите

Ништо ново, уште еден во низата напади врз ИРЛ и врз независноста на медиумите и слободата на говорот, вели за МТВ Цветковска од ИРЛ за последната пресуда на Граѓанскиот суд во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Но, за судот, ИРЛ нема својство на медиум, а неговите членови не може да се претставуваат како новинари. Ова предизвика низа реакции, и од еснафските ...

Read More »

Состојба на патиштата 10.11.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Пепо Леви од Еврејската заедница: Наама Леви има македонско потекло

Од Еврејската заедница во Македонија потврдија дека проверките покажале дека Наама Леви има македонско потекло. Изразуваат жалење но и надеж дека ќе биде ослободена од заложништво. “Тоа е еден страшен, невиден терористички чин и сите се молиме да и се помогне, кој што може да помогне да се ослободи да се пушти од заложништво.Нејзината баба или прабаба, тие се родени ...

Read More »

Формирана работна група за подготовка на измени на Законот за судски совет, предводител академик Камбовски

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 година изразува сериозна загриженост за работата на Судскиот совет. Како што додадоа, за да се надминат слабостите наведени во документот, формирана е работна група за подготовка на измени на Законот за судски совет. Ќе се состои од претставници од судството, академската заедница и невладиниот сектор. На чело на телото ќе ...

Read More »

Дејвид Гир го предаде Извештајот на ЕУ на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми

Гир и го предаде на Адеми извештајот на ЕК со оценките за Врховниот суд Амбасадорот на Европската унија во земјава Дејвид Гир, денеска на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, официјално и го предаде новиот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија. Како што информираат од Врховниот суд, амбасадорот Гир во своето обраќање ги истакна активностите и заложбите на Врховниот ...

Read More »

Предложена Марија Јаническа за директор на Оперативно-техничката агенција

Комисијата за избори и именувања ја предлага Марија Јаническа за директор на ОТА. Таа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот е утврден едногласно. Ќе биде проследен до Собранието, кадешто треба да добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. На огласот беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред ...

Read More »

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, се сретна со амбасадорите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка

Лидерот на БЕСА Билал Касами оствари средба со амбасадорите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка Лидерот на БЕСА Билал Касами денеска оствари работен ручек со амдасадорот на Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Полска Кшиштоф Грзелчик, амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Марку. Како што информираат од партијата на средбата било разговарано за политичката состојба во ...

Read More »