Monthly Archives: May 2023

Состојба на Патиштата 29.05.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Read More »

Ковачевски: Хибридната каридохируршка сала е голем исчекор за нашето здравство од што најголем бенефит имаат пациентите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзитетската Клиника за кардиохирургија каде започнаа да се извршуваат хируршки интервенции во хибридна операциона сала, што е голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази. Премиерот во рамки на посетата даде изјава за медимите, која ви ја пренесуваме во целост. „ Почитувани здравствени работници, Професори, кардиохирурзи, ...

Read More »

Маричиќ: Охридскиот Рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

Заменик претседателот на Владата задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме ...

Read More »

Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да му пркоси на времето

„Чаршијата е нашa цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите ние треба да се грижиме и да ја негуваме за да и пркоси на времето“, рече  заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската Чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението ...

Read More »

Маричиќ: По уставните измени патот кон ЕУ е отворен, блокади веќе не очекуваме

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во изјавата за Телма телевизија рече дека може да се стигне со уставните измени до ноември месец, доколку сите партии и сите пратеници ја сфаќаат својата одговорна улога во овој период. – Знаеме дека процедурата во собранието трае од прилика три до четири месеци, сосема доволно да се издискутираат и да се ...

Read More »

Состојба на Патиштата 25.05.2023

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Read More »

Ковачевски: По стапките на Кирил и Методиј, се изборивме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на свеченото одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Браќа Кирил и Методиј и Ден на словенската писменост во Охрид. Настанот, на којшто присуствуваа претставници од владиниот и државниот врв, од дипломатскиот кор, од областа на политиката, образованието, науката, културата, како и од други општествени сфери, ...

Read More »

Битиќи во компанијата КИМ: Со финансиската помош на Владата го поттикнуваме растот на компаниите, ги правиме поконкурентни и поразвиени

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посетија прехранбената компанија „КИМ“ од Неготино која слави 25 години успешно работење. Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за компанија формирана од 100 % домашен капитал која во ...

Read More »

Османи-Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот, порача Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со првиот вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Белград. „Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата. Овие важни теми, заедно со решавањето на ...

Read More »

Шукова: Меѓународната и регионалната соработка клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени

Како дел од министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласи дека меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето ...

Read More »