Monthly Archives: December 2022

Од 109-та владина седница: утврден е дополнетиот Предлог на Буџетот за 2023 година

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Северна Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии. Владата, ...

Read More »

Состојба на Патиштата 14.12.2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по  суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Битиќи: Постепено и системски се усогласуваме со институциите на Европската Унија што ќе значи зголемување на конкурентноста на нашата економија

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на конференцијата „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“ во организација на Секретаријатот за европски прашања. Вицепремиерот Битиќи се обрати на панелот на тема „Македонската економија е европска – мобилност, конкурентност, развој“. Во продолжение ви го праќаме ...

Read More »

Бочварски: Обезбедивме средства за реконструкција на локални улици и патишта во Велес и Чашка

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беше во работна посета на општините Велес и Чашка, каде со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев и на општина Чашка, Горан Стојановски, ги потпишаа договорите за реконструкција на 4 локални улици во Велес и 3 локални улици во општина Чашка. Средствата за проектите се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, ...

Read More »

Грковска во работна посета на ДКСК: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Билјана Ивановска и останатите членови на Комисијата. На состанокот се разговараше за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за ...

Read More »