„Донесовме една многу важна одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто го продолжуваме ограничувањето на маржите до 30 април 2023 година, доколку условите на пазарот со цените тоа го бараат. Но, донесовме и одлука со којашто се овозможува на Министерството за економија, доколку тоа условите на пазарот го побараат, да изврши и замрзнување на одредени цени ...
Read More »Monthly Archives: December 2022
Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје, завршија сите потребни проверки
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно ...
Read More »Ковачевски: Струјата нема да поскапи од 1 јануари, над 20% пониски сметки за малите и средни претпријатија
„Политиките на Владата, искусниот тим кој работеше на надминување на предизвиците со енергетската криза имаат видливи резултати. Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар ...
Read More »Ковачевски: Граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ, одговорност на пратениците е да им го овозможат тоа
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за јавниот сервис ги повика пратениците во Собранието да покажат одговорност и да го поддржат пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Тој ги повика сите 120 пратеници партиските интереси да ги остават настрана, бидејќи иднината на граѓаните е подеднаква обврска на сите политички партии во Собранието. Премиерот Ковачевски истакна дека на државата, ...
Read More »Ковачевски: Поддршка за граѓаните, енергетска транзиција и конкурентност на компаниите со новиот Буџет на Министерството за економија
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши го презентираа новиот Буџет на Министерството за економија за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека новиот Буџет на Министерството за економија се темели на развојни програми со развојни мерки, чија што цел е во оваа тешка економско–енергетска криза да овозможат поддршка за граѓаните, како ...
Read More »Тренчевска: Преку јавни расправи и вклученост на сите страни, заедно креираме нов современ закон за работни односи, кој ќе одговори на потребите на денешното време
Во Клубот на пратеници денеска се оддржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се оддржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари. Социјалните партнери денеска дискутираа за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имаа можност да дадат предлог или ...
Read More »Премиерот Ковачевски присуствуваше и се обрати на настан по повод Денот на наставата на турски јазик
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод Денот на наставата на турски јазик во организација на Турската Демократска Партија. Премиерот Ковачевски во своето обраќање посочи дека Владата работи на реформи коишто треба да осигураат европски квалитет на живот подеднакво за сите граѓани во нашата држава. Во продолжение е интегралното ...
Read More »Прес-конфереренција на министерот задолжен за дијаспора, др. Џемаил Чупи и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити за проектот „Центар за дијаспора“ на локално ниво
Министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи денес на заедничка прес-конференција со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити го презентираа проектот „Центар за дијаспора“ на локално ниво. Во продолжение интегралното обраќање на министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи: „За денешнава прилика подготвив кратко излагање во ...
Read More »Ковачевски: Влогот во Буџетот за одбрана за 2023 е влог во мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска, го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет за одбрана се зајакнува и модернизира Армијата и се вложува во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски: „Денеска сме тука ...
Read More »Ковачевски – Шентоп: Поддршка од Турција за напредокот на Северна Македонија, како значаен и за стабилноста на регионот
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција. На состанокот се потврдени традионално добрите односи помеѓу двете држави коишто бележат унапредување. Тоа, како што е констатирно може да се согледа и од фактот дека Турција е меѓу најголемите трговски партнери на Северна Македонија, а во државава ...
Read More »