Премиерот Зоран Заев по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој: Интеркултурниот дијалог е најдобрата гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност

Премиерот Зоран Заев по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој: Интеркултурниот дијалог е најдобрата гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, вечерва присуствуваше на настан организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување на Светскиот ден на културната…
Премиерот Заев на свечената академија по повод 70 години на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Премиерот Заев на свечената академија по повод 70 години на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија вечерва се обрати на свечената академија по повод 70 годишнината од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, која се одржа во Национална Филхармонија, и…
Премиерот Заев и лидерот на ДУИ Ахмети остварија средба за започнување процес за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати

Премиерот Заев и лидерот на ДУИ Ахмети остварија средба за започнување процес за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од…
Премиерот Заев за „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот”

Премиерот Заев за „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот”

Денеска се одржа првата од серијата јавни дискусии за нацрт текст на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”. На оваа прва…
Средба на претседателот Пендаровски со хрватската амбасадорка Баришиќ

Средба на претседателот Пендаровски со хрватската амбасадорка Баришиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.   Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и…
Премиерот Зоран Заев на средба со поранешниот претседател на Република Автсрија, Хајнц Фишер: Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици

Премиерот Зоран Заев на средба со поранешниот претседател на Република Автсрија, Хајнц Фишер: Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена, во пресрет на Виенскиот економски форум, се сретна со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.   На …

Премиерот Заев на свечено пуштање во употреба на Коридор 10: Намалувањето на физичката, временската дистанца, меѓу главните градови на двете земји е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на покана на Претседателот на…

Ултра-маратон долж Коридор 8: Тевдовски, Шилегов и македонските атлетичари трчаат во поддршка на маратонецот Георгиев со порака за поврзаност и пријателство

Министерот за финансии на Владата на Република Северна Македонија, Драган Тевдовски, придружен од градоначалникот на Скопје и атлетичарите од Атлетската федерација го поддржаа ултра - маратонецот Краси Георгиев кој денеска…
Момчето со церебрална парализа со својот трицикл ќе пристигне во Охрид

Момчето со церебрална парализа со својот трицикл ќе пристигне во Охрид

Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето  со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“. Пред министрите за труд и социјална политика, за образование и наука и за здравство, Мила Царовска, Арбер Адеми и Венко Филипче, но и пред истакнати експерти, доктори од областа, Премиерот Заев го искажа своето задоволство што ја има честа да биде покровител на оваа меѓународна научно – стручна конференција. Во продолжение ви го пренесуваме во целост текстот на неговото обраќање: „Можам и би сакал да повикам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да можат и тие да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат. Верувам дека сите знаете дека во библиотеката на Владата работи Нина, којашто е девојка со Даунов синдром. Но тоа воопшто не е пречка таа да ја извршува својата работа одговорно, професионално и посветено. Знам дека Владата не е исклучок. Знам дека и во други државни, но и во приватни институции, па и кафулиња работат лица со некаков вид на попреченост. Но за жал ваквите примери се малку. Малубројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес. И во овие сфери едноставно мора да сториме повеќе. Но, се почнува и зависи од нашата свест. Министерката Царовска спомена дека со новиот Закон за социјална заштита за лицата со попреченост, меѓу другото, се обезбедува лична асистенција. Тоа во голема мера им помага и им го олеснува функционирањето на овие луѓе. Но ако при една прошетка со личен асистент овие лица ги погледнуваме како да не се луѓе, тогаш тие пак ќе се чувствуваат непријатно, без разлика што полесно се движат. Ист е случајот и со неприфаќање на дечињата со попреченост од нивните врсници во училиште. И овде потфрлуваме ние возрасните бидејќи не ги учиме нашите деца да ги прифаќаат различностите. Исто така, не случајно националната стратегија за деинституционализација го носи името „Тимјаник“. Се сеќавате каква беше реакцијата на жителите кога се обидовме во мали групни домови да сместиме деца со попреченост. Истите тие луѓе, кога одблизу ги запознаа дечињата, веднаш го сменија својот став. Почитувани, Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или на оној начин се разликуваат од нас. И тоа зависи од секој од нас. Пораките коишто секојдневно ги пренесуваме како едукатори, како доктори, експерти или како политичари допираат до сите. Затоа тие пораки треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица…