Самитот ЕУ – Западен Балкан се фокусира на Планот за раст, единствениот пазар и реформите

Дополнителни 75 милиони евра од Планот за раст, завршени технички преговори за комуникација со земјите од ЕУ без трошоци за роаминг, како и најава дека од почетокот на следната година Европската комисија ќе започне дијалог со Северна Македонија за постепена интеграција во единствениот европски пазар – ова беа дел од клучните теми поврзани со земјата, за кои се разговараше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Премиерот Мицкоски изјави дека земјата испорачала реформи, а не билатерални прашања.

Реформите би можеле да овозможат дополнителни 338 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Северна Македонија во текот на наредните недели, изјави претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет, Кошта, истакна дека патот кон ЕУ не се сведува само на спроведување на неопходните реформи.

„Регионалната соработка, помирувањето и добрососедските односи се клучни предуслови за пристапување кон ЕУ. Очекувам понатамошен напредок во решавањето на билатералните прашања“, нагласи тој.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *