Започнуваат 16-те дена активизам

Во средата започна глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, со повик за правда за жените и девојките, како и за поголемо вклучување на институциите и општеството во целина во спречувањето на насилството во текот на целата година.

На национално ниво, посебен акцент се става и на економското насилство врз жените и девојките – скриена форма на злоупотреба која често останува непрепознаена, а може да биде вовед во потешки форми на насилство. Кампањата е заеднички организирана од агенциите на ОН во Северна Македонија, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, амбасади, институции и организации на граѓанското општество.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, изјави дека неодамнешните случаи на насилство врз жените се потсетник оти општеството мора да направи повеќе за нивна заштита.

Вршителот на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ, Сузан Пенкса, нагласи дека жените и девојките кои доживеале насилство мора да знаат каде можат да побараат помош, како да го пријават насилството и каква заштита ќе добијат.

Постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, истакна дека насилството врз жените и девојките не е ниту приватна работа, ниту неизбежност, и додаде дека за негово искоренување е потребен итен и заеднички одговор.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *