
Како одговор на отвореното писмо на лидерот на ДУИ, Ахмети, министерот за правда Шасивари вели дека јазичните права не се партиска сопственост и дека обврска на институциите е да го овозможат нивното остварување. Тој нагласува дека, како министер за правда, нема намера да собира политички поени, туку сака да најде правно издржано, функционално и долгорочно решение за сите кандидати во однос на правосудниот испит.
Шасивари посочува дека Министерството побарало мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел, со цел решението да биде усогласено со европските правни стандарди.
Министерот наведува дека на 27 ноември, Ахмети ќе има можност да им ги пренесе своите забелешки на известителите од Венецијанската комисија, во Собранието.